Фудбалскиот клуб Ал Наср го промовира својот нов тренер, откако вчера му врачи отказ на Луис Кастро.
Клупата на саудискиот клуб ќе ја наследи Стефано Пиоли, италијанскиот стручњак кој последно го водеше Милан до минатата сезона. Се работи за искусен тренер кој има титула во Серија А, имаше и договор со „росонерите“ до крајот на годината, ама сега ќе ја прекине и става потпис со Ал Наср.
Клубот од Саудиска Арабија го промовира Пиоли преку видео на социјалните мрежи. Се очекува Италијанецот да пристигне во Ал Наср вечерва, можеби и утре и да потпише договор со клубот во кој игра Кристијано Роналдо.
Освен во Милан, Пиоли работеше како тренер на Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Верона, Сасуоло, Парма, Модена, Салернитана, Гросето, Пјаченца…