Дали ова е доказ дека е на повидок сензационалното враќање на Руни во Евертон? (ФОТО)

by
1 минути читање

Дека најавите за
враќањето на Вејн Руни во тимот на Евертон ова лето не се шега, говорат и
ексклузивните фотографии кои во јавноста денес ги пласираше „Мирор“, на кои јасно се
гледа како агентот на Руни, Пол Стретфорд пристигнува во канцеларијата на Бил
Кенврајт, претседателот на Евертон.

Се поизвесно е
враќањето на Руни на „Гудисон Парк“, од каде пред 13 години се пресели во
редовите на Манчестер јунајтед, за овој сензационален трансфер подолг период се
пишува во медиумите на Островот.

За шпекулациите
да добијат уште поголема димензија, „Мирор“ објави и фотографија од Вејн Руни
кој утринава бил забележан во Ливерпул, заедно со тренерот од Манчестер
јунајтед, Род Торнли, каде бил на теретана во центарот на градот.


„Дејли Меил“ денес објави и како би изгледал составот на Евертон за идната сезона, доколку се остварат финалните планови и идеи на холандскиот стратег Роналд Куман.

Извор/Фото: mirror.co.uk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×