Милан остана без важен играч, ќе се врати дури следната година

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Милан потврди дека играчот за врска Исмаел Бенасер е успешно опериран во Финска.

Алжирскиот репрезентативец се повреди на последниот собир со националниот тим, а поради тоа мораше да биде опериран. Бенасер го повреди мускулот на десната нога на тренинг, па повредата се испостави како посериозна.

Операцијата во скандинавската земја беше успешна, а сега пред Бенасер е процес на заздравување. Се очекува Алжирецот да биде подготвен пак да игра на почетокот на 2025 година, бидејќи му се предвидува четиримесечна пауза.

Бенасер е од 2019 година член на Милан, беше еден од најдобрите играчи во походот на шампионската титула во 2022 година, а вкупно за клубот одигра 171 натпревар. Ова лето беше поврзуван со заминување од таборот на „росонерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани