305
Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се повреди во натпреварот на Барселона против Жирона кој каталонскиот гигант го доби со 1:4 и теренот го напушти по еден час игра.
Денеска по направените прегледи од клубот објавија колку време Олмо нема да биде на располагање на тренерот Флик.
Според информациите повредата на бутниот мускул ќе го одалечи Олмо од терените измеѓу четири и шест недели.
Олмо од доаѓањето во Барселона одигра три натпревари, а на почетокот имаше проблеми и со регистрацијата па ги пропушти дуелите од првите кола. Во одиграните три средби постигна и еден погодок.