Шаќири: Во секунда си реков – ќе шутирам! Потоа Симан веќе не бранеше за Англија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нема Македонец кој не се сеќава на голот на Шаќири од корнер, погодокот е вечно врежан и во мислите на Дејвид Симан кој буквално беше пензиониран од националниот тим од страна на македонскиот фудбалер. 

Артим Шаќири објаснува како се случи легендарниот гол на „Сент Мери“ во Саутемптон. 

„Одлуката да му шутирам директно во голот на Симан е донесена во неколку секунди. Мислам дека никој не рекол јас утре на противничкиот голман планирам да му шутирам од корнер“ – вели Артим Шаќири во емисијатата „Патот до успехот“ на ТВ 24.

„Тоа ми беше трет гол од корнер. Првиот гол го постигнав со Караорман во Делчево, вториот со Вардар против Скопје на Градски и ова беше третиот гол кој стана белег засекогаш. Не се работи за анонимус голман, тој е легендарен чувар на мрежата на Англија и на Арсенал, откако му го дадов голот, престана да брани за репрезентацијата“.

„Како што кажав, во дел од секундата одлучуваш дали ќе шутираш. Тие беа многу посилни физички, високи, и голманот и одбраната, па си реков ќе шутирам, среќа влезе и радоста беше голема, не само за мене, туку и за целата екипа“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани