Полскиот фудбалер на Рома, Никола Залевски, се наоѓа во незавидна положба, бидејќи беше исфрлен од првиот тим.
Причината за отстранувањето на фудбалерот беше одбиениот трансфер во Галатасарај, за кој „волчицата“ добро ќе заработеше. На оваа тема проговори Даниеле Де Роси, кој ја објасни ситуацијата.
„Отстранувањето на Залевски од првиот тим беше одлука на клубот, јас дознав пред неколку денови. Се надевам дека откако двете страни ќе пронајдат заеднички јазик за продолжение на договорот, Никола ќе се врати во тимот“, изјави Де Роси.
„Џалоросите“ имаа понуда од 11 милиони евра, плус уште четири низ бонуси. Самиот Залевски имал високо барање до Галатасарај, кое го изнел само за Турците да одбијат. На негово изненадување Галата прифатил скапо да го плати, меѓутоа и покрај тоа Полјакот решил да се повлече од преговорите.
Проблем за Рома е тоа што Залевски влезе во последната година од договорот. Доколку дојде зима, тој веќе ќе може да си го договори следниот клуб без никакви проблеми. „Волчицата“ сака тоа да го избегне, а ако двете страни не успеат да се договорат веројанто Залевски ќе ја мине сезоната надвор од првиот тим.