Кога се работи за фудбалот во балканските земји, веројатно ништо не може да нè изненади. И покрај тоа, се наметнува прашањето како се случуваат некои ситуации кои се неверојатно.
Една таква му донесе реми на црногорскиот првак Дечиќ на гостувањето кај Јединство (1-1). При резултат 0-0, во 40. минута се случи скандалот. Со глава биеше Каике Чагас, а голманот на Јединство ја фати топката која речиси не стигна ниту до линијата.
Сепак, главниот судија се консултираше со помошникот и му беше укажано дека топката ја минала гол-линијата. Тоа предизвика револт кај домашните фудбалери и навивачи, меѓутоа одлуката беше донесена.
За гол да биде регуларен, правилото налага дека топката мора со целиот свој обем да ја мине гол-линијата. Тука делува дека топката не стигна воопшто до линијата, а судиите признаа „фантомски“ гол…