120
Синот на легендарниот Златан, Максимилијан Ибрахимовиќ настапува во младинскиот тим на Милан и беше стрелец во првенствен натпревар против Емполи (4-1).
Младиот Ибрахимовиќ даде ефектен погодок во Примавера шампионатот, со што го привлече вниманието на јавноста во Италија.
17-годишникот доби топка на 30 метри по средината, повлече и се намести на лева, а со одличен удар погоди во поблискиот горен агол за својот тим.