Гатузо: Победата му ја посветувам на Калиниќ, со претседателот не сум зборувал еден месец

by riste
1 минути читање

Хајдук синоќа со 1-0 славеше на гостувањето кај Динамо Загреб и се искачи на врвот на табелата во хрватската лига, пред дербито имаше бура во сплитскиот клуб.

Спортскиот директор Никола Калиниќ беше отпуштен на неколку дена пред големото дерби, а токму тој го донесе Гатузо во Хајдук. Италијанецот нему му ја посвети победата и отворено кажа дел од проблемите.

„Победата му ја посветувам на Никола Калиниќ. За него може се да се каже, но не и дека е лажго. Тој ме наговори да дојдам во Сплит. Ветени ми се некои работи, а не се исполнети, со претседателот не сум зборувал еден месец, но ќе се борам и натаму“, изјави Гатузо.

Претседателот на Хајдук, Иван Билиќ на прес-конференција рече дека ништо од она што го кажал Калиниќ претходно не е вистина и дека одлуката воопшто да го ангажира него за спортски директор е негова голема грешка затоа што, како што додаде, тој ги преминал човечките и професионални граници.

Се зборуваше дека Гатузо е следен кој ќе биде сменет, но по победата над Динамо Загреб тешко дека ќе можат да му дадат отказ на Италијанецот, веројатно тој од таму ја црпи силата за да биде брутално искрен и да распука по актуелното раководство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани