Барселона конечно го исплати трансферот на Дембеле, целосната сума изнесува 148 милиони евра

by bojan
1 минути читање
Дембеле

Според пишувањата на Билд, Барселона ги исплатила и последните бонуси од трансферот на Осман Дембеле, целосната сума изнесува 148 милиони евра.

По трансферот на Нејмар во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, Барселона го ангажираше Осман Дембеле од Борусија Дортмунд во зделка вредна 105 милиони евра плус бонуси.

Французинот никогаш не ги оправда инвестираните средства, често беше повреден, а минатото лето го напушти Камп Ноу и се пресели во ПСЖ во зделка од 50 милиони евра.

Како што пишува денешното издание на Билд, Барселона на Борусија Дортмунд коенчно и ги исплатила и последните бонуси од трансферот на Осман Дембеле.

Весникот исто така открива дека целосната сума изнесува 148 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани