Навивачите можат да бидат задоволни: Реал постигнал договор за важен потпис!

by Стефан
1 минути читање

Украинскиот голман Андреј Лунин ќе остане во редовите на Реал Мадрид со кој ќе потпише нов договор, објавија шпанските медиуми.

Лунин неодамна ја промени агенцијата која се грижи за неговата кариера, но тоа не влијаеше да остане во Мадрид, иако и самиот веројатно е свесен дека покрај Тибо Куртоа неговата минутажа ќе биде лимитирана.

Минатата сезона, кога Куртоа беше долго време повреден Лунин одигра и тоа како важна улога во освојувањето на 15. титула европски шампион.

Така за своите одлични настапи сега ќе биде награден со нов договор. Украинскиот чувар на мрежата во Мадрид пристигна во 2018 година, но како позајмен фудбалер настапуваше во Зорја, Леганес, Ваљадолид и Овиедо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани