182
Пензионираниот бразилски фудбалер, Андерсон (36) некогаш и член на репрезентацијата на Бразил голем кој дел од кариерата помина во Манчестер Јунајтед каде што одигра 181 натпревар во период од 2007 до 2015 година, би можел да заврши во затвор.
На Андерсон му се заканува казна затвор од најмалку 30 дена, а би бил сместен во полуотворен тип. Причината поради која Бразилецот се соочува со ваков проблем е неисплатена алиментација. Наводно, станува збор за сума од околу 50.000 евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека Андерсон до 2015 година имал четири деца, а сега девет.
Ова не е првпат тој да се соочува со проблеми со закоот бидејќи во минатото беше под истрага за перење на пари.