Бензема му „одговори“ на Роналдо, „Златната топка“ ја стави во кујна (ФОТО)

by bojan
1 минути читање
Бензема

Карим Бензема имаше интересна објава на социјалните мрежи за која сите сметаат дека е одговор на изјавата на Кристијано Роналдо, кој порача дека Килијан Мбапе е подобар.

Кристијано Роналдо беше гостин кај Рио Фердинанд и доби неколку незгодни прашања, едно беше да направи избор помеѓу Килијан Мбапе и Карим Бензема.

Португалецот на изненадување го одбра Килијан Мбапе, наместо Карим Бензема со кого делеше соблекувална во Реал Мадрид.

Не требаше да помине долго за Карим Бензема да одговори, напаѓачот на Ал Итихад на Инстаграм објави фотографија од „Златната топка“ која ја освои за најдобар играч во 2022 година.

Французинот лежерно ја постави престижната индивидулна награда на маса во својата кујна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани