Иван Ракитиќ објасни зошто се откажа од саудиските милиони за Хајдук

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватската фудбалска легенда Иван Ракитиќ ова лето направи сензационален трансфер во редовите на Хајдук Сплит. Легендарниот репрезентативец од Саудиска Арабија се врати во родната земја.

Тој заработуваше преку 15 милиони евра годишно, а во Сплит ќе заработува „ситница“ во однос на таа годишна плата. Во разговор со шпанските медиуми Ракитиќ откри зошто донел одлука за потпис со Хајдук.

Одлуката да се преселам во Хајдук дојде од срцето, а последниот поттик го имав од сопругата Ракел. Таа ми кажа дека би сакала да живее во Хрватска со целото семејство. Едноставно, посебно е да имате гордост во својата земја, да играте во својата лига и да ја покажете татковината на семејството“, изјави Ракитиќ.

Во својата кариера Иван Ракитиќ се покажа во Европа играјќи за Севиља, а потоа направи голем трансфер во Барселона. Тој беше незаменлив дел од тимот на Хрватска во походот кон успесите на последните два Мундијали, па јасно е зошто владееше еуфорија во Сплит при неговото доаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани