167
Шпанија со игрите до финалето влезе како фаворит во дуелот со Германија, но во него Германците беа подобриот тим и на крајот сосема заслужено се радуваа.
Германија можеше да поведе уште во осмата минута но Мајер ја погоди стативата од голот на Шпанија.
Клучниот момент се случи во 40. минута кога Мичел Вајсер постигна прекрасен гол со глава кој значеше и победа од 1-0.
Во второто полувреме Шпанија се обидуваше да го возврати ударот, но сето тоа беше јалово, Германија ја имаше играта под контрола и на крајот заслужено се радуваше на големиот пехар.