Ракитиќ: Барса леташе во облаци, мислевме дека сме супериорни и фудбалот не казни!

by bojan
2 минути читање
Ракитиќ

Иван Ракитиќ вели дека Барселона со играчи како Меси, Суарез, Нејмар, Иниеста и Чави требала да освои многу повеќе трофеи, смета дека фудбалот ги казнил бидејќи почнале да летаат во облаци.

„Каталонците“ имаа одлична генерација со која доминираа во Ла Лига од 2014 до 2019, освоија четири од пет титули.

Но во истиот период, освија само една титула во Лигата на шампиони, а Реал Мадрид освои дури три трофеи во најелитното европско првенство.

„Требаше да освоиме повеќе трофеи, и со сета почит кон другите екипи, не освоивме повеќе бидејќи ни беше досадно и мислевме на други работи. Сами се за*бавме против Рома и Ливерпул. Се чувствувавме супериорни и не го дадовме најдоброто од себе. Доколку покажевме малку повеќе глад за успех, ќе освоевме уште 2 или 3 титули во Лигата на шампиони. Летавме во облаци, мислевме дека сме над другите и фудбалот не казни“ – рече Иван Ракитиќ.

Запрашан што мисли на што се должи успехот на Реал Мадрид во Лигата на шампиони, Хрватот вели: „Не секогаш победува најдобриот тим или фаворитот. За триумф во Лигата на шампиони треба да се борите до самиот крај, не смеете да се опуштите во ниту еден момент“.

„Жално е што најдобриот тим кој сум го видел, Барселона во 2015, не освои повеќе трпфеи во Лигата на шампиони. Освоивме многу, но можевме да стигнеме до уште некој трофеј“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани