Поранешниот капитен на Монако во нови проблеми, завршил зад решетки и нова пријава за сексуален напад

by bojan
1 минути читање
Бен Једер

Поранешниот капитен на Монако, Висам Бен Једер изминатиов викенд завршил зад решетки, напаѓачот добил пријава за нов сексуален напад.

Висам Бен Једер минатата година беше обвинет за силување, обид за силување и сексуален напад, па Монако не му понуди нов договор и напаѓачот го напушти клубот во јули месец.

Французинот, кој има туниско потекло, изминатиов викенд се најде во нови проблеми и бил уапсен откако млада девојка го пријавила за сексуален напад.

Тој веднаш бил изнесен пред судија, кој на големо изненадување решил да го пушти на слобода со кауција.

За овој случај, Висам Бен Једер треба да се појави на суд на 15. октомври, каде ќе треба да одговара по неколку обвиненија како сексуален напад, одбивање да застане на полициска контрола и возење под дејство на алкохол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани