Во рамките од второто коло во Лигата на Нации Франција ја победи Белгија со 2:0 и така покажаа добра реакција по поразот од Италија со 1:3 пред неколку дена.
По натпреварот големо незадоволство во репрезентацијата на Белгија покажа какпитенот Кевин Де Брујне. Офанзивниот играч за врска кој за Белгија има 107 настапи и 30 голови, наводно на директрот Франк Веркраутен му кажал дека веднаш ќе ја напушти репрезентацијата, пренесуваат белгиските медиуми.
Де Брујне бил незадоволен од своите соиграчи и по натпреварот, а незадоволството не го криеше ниту во изјавата за белгиските медиуми.
„Франција беше подобра, нема што тука многу да се зборува. Немавме поврзаност во редовите и моравме подобро во второто полувреме. Имавме заостанување. Некои играчи не си ја завршија работата како што треба и тоа им го кажав во соблекувалната“, изјави Де Брујне.