113
Шефот на стручниот штаб на Барселона, Ханси Флик е прогласен за тренер на месецот во Ла Лига за август, првиот месец во кој официјално работеше во шпанскиот фудбал.
Признанието се должи на фантастичниот старт на Барса која во првите четири кола освои 12 бода, сите во август и се наоѓа на чело на табелата во Ла Лига, единствена со максимален ефект. На стартот од првенството, Флик го водеше својот тим до триумфи против Валенсија, Билбао, Рајо Ваљекано и Ваљадолид.
Конкуренти на Флик за наградата за тренер на месецот му беа Марселињо Гарсија Торал од Виљареал и Луис Гарсија Плаза од Алавес.