Марко Верати е
големото име кое Барса сака да го купи ова лето, но ПСЖ во моментов нема намера
да се откаже од Италијанецот.
Самиот фудбалер
притиска за реализација на трансфер и се закани дека нема да се врати во Париз
на стартот од подготовките за новата сезона.
Исто така Барселона е спремна да плати и до 100 милиони евра, но „Светците“ се
уште одолеваат.
Доколку
„Каталонците“ не успеат да го предомислат ПСЖ, Барса има „план Б“.
Медиумите од
Шпанија пренесуваат дека Андер Ерера е втора опција доколку Марко Верати не
пристигне на Камп Ноу.
Но ниту оваа
зделка не е едноставна, Шпанецот е клучен дел од тимот на Жозе Мурињо и со
одличните изданија беше прогласен за играч на годината во Манчестер јунајтед.
„Црвените Ѓаволи“
не размислуваат да го продадат Андер Ерера и наскоро ќе му понудат нов договор
на играчот.
Па Барса очигледно ќе треба да работи и на „план Ц“.