Ако Гвардиола замине по крајот на сезоната, неговиот наследник во Сити ќе има огромен трансфер буџет

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Манчестер Сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола па клубот од Етихад одредил трансфер буџет од 300 милиони фунти за започнување на нов циклус.

Пеп Гвардиола е обврзан кон „граѓаните“ до јуни 2025 и се почесто се говори дека тој ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Манчестер Сити сака да ја продолжи соработката со Шпанецот, му нуди нов договор, но во исто време се подготвува и за сценарио во кое нов тренер ќе седне на клупата.

Раководството на клубот знае дека нема да биде лесно да се повтори огромниот успех на Пеп Гвардиола, па ќе се обидат да останат конкурентни со голема инвестиција на трансфер пазарот.

Весникот Мирор шпекулира дека ќе бидат обезбедени 300 милиони фунти за започнување на нов циклус, па наследникот на Пеп Гвардиола ќе има огромен буџет за засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани