Вардар убедлив против Еуромилк, сигурни победи и на Шкендија, Шкупи и Гостивар

by bojan
1 минути читање
Вардар

Македонските екипи викендов одиграа пријателски натпревари и ја искористија паузата за репрезентативен настап за да породолжат да ја темпираат формата.

Екипата на Вардар во една скопска пресметка во Лисиче го победи тимот на Еуромилки со убедливи 0-4. Сите голови од овој натпревар беа постигнати во првото полувреме од средбата. Во вториот дел тренерот Захариевски направи промени во тимот меѓутоа црвено-црните и така ја задржаа високата предност.

Шкендија со убедливи 1-3 ја совлада Беса, а погодуваа Јакупи, Ибраими и Рамадани. Алими го постигна единствениот гол за Беса.

Шкупи немаше проблем со Арсими и без примен гол оствари триумф од 0-3. Стрелци за клубот од Чаир беа Кадриу, Јумеми и Тамба.

Убедлив беше и Гостивар кој беше подобар од Македонија Ѓорче Петров со 4-1. Во овој натпревар во листата на стрелци се запиша и Набил Дирар кој како големо засилување пристигна во Гостивар пред почетокот на оваа сезона.

Силекс гостуваше во Штпип кај Брегалница и забележа триумф од 1-2. На победа се радуваше и Тиквеш против Победа со 0-4. Два гола беа дело на Витор, а по еден постигнаа Леонардо и Маневски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани