Навивачите се подбиваа со физичкиот изглед на Руни, па паднаа во транс по мајсторијата од слободен удар (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Руни

Вејн Руни попладнево истрча на Олд Трафорд во дрес на Манчестер јунајтед како дел од ревиалниот натпревар помеѓу легендите на „ѓаволите“ и Селтик, напаѓачот погоди мајсторски во аголот од слободен удар.

Вејн Руни имаше проблем со вишокот на килограми уште кога беша активен фудбалер, а по крајот на кариерата, за брзо време стана буцко.

Навивачите често со подбиваат со неговиот физички изглед, а така беше и денеска кога напаѓачот истрча на Олд Трафорд во дрес на Манчестер јунајтед за ревиалниот натпревар помеѓу легендите на „ѓаволите“ и Селтик.

Но зајадливите коментари се претворија во пофалби откако Вејн Руни мајсторки реализираше од слободен удар, го префрли живиот ѕид и погоди во аголот.

Некои дури на шега го прашуваа Ерик тен Хаг дали го гледа натпреварот бидејќи ова е прв гол од слободен удар на Манчестер јунајтед на Олд Трафорд во последните две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани