Српско и бразилско засилување за офанзивата на Пелистер

by riste
1 минути читање

Пелистер промовираше уште две засилувања за тековната сезона, Александар Катаниќ и Фернандо Карваљо.

Катаниќ е 29-годишен централен напаѓач од Србија. Последен негов клуб бил Балзан од Малта. За него ова нема да биде деби во ПМФЛ бидејќи пред да замине во Малта настапуваше за Силекс. Покрај Силекс има играно за Бачка, Старо Бановци, Лозница, Телеоптик, Бежанија, Металац и Хонка од Финска.

Бразилецот Карваљо исто така има 29 години, и тој е офанзивен фудбалер, но може да игра на повеќе позиции во нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани