Филип Костиќ конечно добил понуда која му одговара?

by Стефан
1 минути читање

Српскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Филип Костиќ не е во плановите на Тијаго Мота, но се уште е дел од „старата дама“.

Јувентус му соопшти дека не е во плановите, меѓутоа Костиќ не успева да пронајде понуда која ќе му одговара.

Наводно, Костиќ веќе одбил понуди од Ал-Аин од Саудиска Арабија, а „Тутоспорт“ пишуваше дека Костиќ не прифатил трансфер и во редовите на Спартак Москва каде што тренер е Дејан Станковиќ.

Но, според последните информации тој кариерата би можел да ја продолжи во Турција и тоа во редовите на Галатасарај која веќе сериозно се засили со пристигнувањето на Виктор Осимен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани