123
Нигериецот Виктор Осимен летово се поврзуваше со трансфери во Челси и Саудиска Арабија, но на крајот се пресели во Турција во редовите на Галатасарај.
Во последните моменти од преодниот рок, Осимен преговараше со Челси, но трансферот на крајот пропадна. Од друга страна Ал Ахли не сакаше да чека и во тие моменти се откажа од намерата да го доведе.
Антонио Конте во Наполи не сметаше на него и тој беше надвор од тимот.
„Со Галатасарај лесно се договорив, ја прифатив понудата затоа што станува збор за голем клуб. Знам какви навивачи имаат и навистина сум среќен што доаѓам тука“, изјави Осимен.
Осимен во Галатасарај ќе настапува како позајмен фудбалер, а за него гигантот од Истанбул ќе плати шест милиони евра.