124
Maкедонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена во двата дуели на стартот од Лигата на Нации.
Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на напаѓачит Александар Трајковски и Милан Ристовски.
Од Фудбалската федерација на Македонија денеска информираа дека станува збор за мускулна повреда.
„Александар Трајковски и Милан Ристовски поради повреда (мускулно истегнување) нема да бидат во комбинација за настап против Фарски Острови и Ерменија. Ќе информираме во врска со евентуален дополнителен повик“, соопштија од ФФМ.