Англиската фудбалска легенда Алан Ширер доби прашање да го прокоментира Манчестер Јунајтед на Ерик Тен Хаг и неговите резутлати во последниот период. По двата порази во низа пак се разбудија критичарите на холандскиот стратег.
Според Ширер, следните два натпревари се клучни бидејќи ако Јунајтед не победи, притисокот ќе биде огромен.
„Резултатите на Манчестер Јунајтед мора да напредуваа масовно ако Тен Хаг сака за Божиќ да биде на клупата. Многу зависи од наредните два натпревари. По поразот од Брајтон и начинот на кој загубија од Ливерпул, доколку не напредува во следните меч или два ќе биде тешко за него бидејќи ќе се крене сериозна прашина“, прокоментира Ширер.
Пред „црвените ѓаволи“ се натпревари од Премиер лигата на 14 и 21 септември, а тоа се гостувања кај Саутемптон и Кристал Палас.