По неуспехот на Европското првенство во Германија каде што Србија доживеа неуспех во групата со Словенија, Данска и Англија Пикси и неговите избраници ги чекаат предизвици во Лигата на Нации, но атмосферата во српскиот табор изгледа не е баш на највисоко ниво.
Србија прво Белград на 5. јуни ќе игра против Шпанија, а три дена подоцна ќе и гостува на Данска. Пред овие натпревари од должноста во Фудбалската федерација беа сменети генералниот секретар Јован Шубратовиќ и директорот на спортскиот сектор Мирослав Танијга. Според пишуваањето на српските медиуми, тука главна улога имал селекторот Пикси.
Наводно, Пикси се заканил дека ќе замине ако двајцата останат во сојузот. Помеѓу нив веќе некое време имало конфликт кој врвот го доживеал по Европското првенство.
Тогаш се одржала седница на која не се разговарало за промени, меѓутоа по ултиматумот од Пикси итно била повикана телефонска седница на која на Танијга и Шубратовиќ им била соопштена одлуката.