Како што пренесува Марка, Нико Вилијамс изминатово лето одбил три клубови кои биле подготвени веднаш да ја активираат неговата откупна клаузула, а ниту еден од нив не е Барселона.
По крајот на Европското првенство, многумина веќе го видоа Нико Вилијамс во дресот на „каталонците“, но зделката се изјалови, напаѓачот под притисок на семејството и блиските реши да остане во Атлетик Билбао.
Како што пренесува Марка, интересот за услугите на Шпанецот бил голем, и тој одбил три клубови кои биле подготвени веднаш да ја активираат неговата откупна клаузула.
Клубовите, чии имиња не се откриваат, ја имале спремено целата потребна документација за плаќање на откупната клаузула од 58 милиони евра но не повлекле ваков потег бидејќи Нико Вилијамс не бил заинтересиран за трансфер.
Марка додава дека Барселона не е еден од овие три клубови. „Каталонците“ доставиле предлог до самиот играч, но не биле во позиција веднаш да ја платат сумата од 58 милиони евра.