Медиумите од Англија посочуваат дека нема многу голема разлика помеѓу понудата на Челси и Галатасарај за Виктор Осимен, разликата е околу 500.000 фунти.
Челси минатата недела имаше обид да го ангажира Виктор Осимен, но напаѓачот ги одби „сините“, не му се допадна платата која му ја понудија.
Нигериецот вчера договори преселба во Галатасарај за слични услови кои ги одби 48 часа претходно, па на „островото“ не ја разбираат неговата одлука.
Медиумите од Англија посочуваат дкеа понудата на Челси изнесувала околу 150.000 фунти неделно, и тој никако не сакал да слушне за ваква плата.
Но затоа без многу размислување го прифати предлогот на Галатасарај за плата од околу160.000 фунти неделно.
Разликата не е многу голема, на годишно ниво е нешто над 500.000 фунти.