Падна уште еден отказ во Втората македонска фудбалска лига, Детонит Плачковица се реши за тренерска смена, се раздели со Иван Варадиновски.
„Денес, управата на ФК „Детонит Плачковица“ и шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски спогодбено го раскинаа Договорот за соработка за сезоната 2024/25. Од наше име, искрено му благодариме на Иван за постигнатиот историски успех за фудбалот во Радовиш, за најдобар домашен тим, за освоеното високо трето место во минатата 23/24 сезона и одигрувањето на бараж натпреварот за влез во Првата македонска лига. Му посакуваме понатамошна професионална кариера и нови успешни резултати, а ние и покрај лошиот почеток на првенството, продолжуваме понатаму со поставената цел пред нас“, стои во соопштението на клубот.
По три одиграни кола Детонит е на деветото место со четири освоени бода.