Роналдо: Сам ќе заминам од репрезентацијата кога ќе почувствувам дека не придонесувам повеќе

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо вели дека тој самиот ќе си замине од репрезентацијата на Португалија кога ќе почувствува дека веќе не допринесува за националниот тим.

Роналдо се појави на подготовките на Португалија за мечевите од Лигата на нации, а беше дел и од прес-конференција на која зборуваше и за својата иднина.

„Кога ќе почувствувам дека не допринесувам повеќе, јас ќе бидам првиот кој ќе си замине, тоа е животот“, вели Роналдо.

„Сега сум среќен и чувствувам дека можам, за понатаму ќе видиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани