Изгоре стадион и клупски простории во Словенија: Вардар две години таму се подготвуваше за сезоната

by Стефан
1 минути читање

Клупските простории на фудбалскиот клуб Зрче во Словенија се целосно уништени откако стадионот го зафатил пожар.

Станува збор за клуб кој во овој момент игра во четвртата лига, а сега ќе мора да се снаоѓа со ново место за тренирање, барем додека се не се реконструира. Пожарот како што пренесуваат медиумите во Словенија избувнал саботата наутро и брзо ги зафатил соблекувалната и останатите простории.

Работата на пожарникарите кои брзо излегле на терен им ја отежнувал ветерот. Инаку, станува збор за комплекс каде што Вардар на двапати се подготвуваше во текот на летниот период, еднаш во 2015 година и еднаш во 2018.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани