123
Како што стојат работите, Вилфред Заха во последниот ден од преодниот рок ќе ја напушти Галатасарај.
Заха кој минатото лето пристигна во турскиот гигант од Кристал Палас, сега е пред преселба во Франција во редовите на Лион.
Крилниот фудбалер во Лион би требало да пристигне како позајмен фудбалер со тоа што клубот ќе преземе дел од неговата плата која изнесува 7.5 милиони евра по сезона,
Низ кариерата Заха најдолго се задржа во Кристал Палас каде што помина осум години, а во меѓувреме беше испраќан на неколку позиција, го носеше дресот и на Манчестер Јунајтед.
За една сезона во Галатасарај одигра 42 натпревари и постигна десет гола.