Милевски: Не сум селектор кој брка рејтинг против селекции како Сан Марино и Андора!

by 24 фудбал
2 минути читање

Фудбалската селекција на Македонија го започнува настапот во новото издание на Лигата на нациите. Првиот предизвик ќе бидат Фарските Острови, а потоа во Скопје доаѓа Ерменија.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за тие два натпревари во септември. Исто така предводникот на А-тимот го образложи и изборот на играчите.

Што се однесува до списокот, нема поголеми измени од оние фудбалери кои ги завршија евро-квалификациите кои покажаа и докажаа дека имаат потенцијал да се тука и понатаму. Жал ми е што Велковски е без клуб и нема да биде во комбинација, Дени Илиев исто така нема да биде. Дебитант е Кристијан Трапановски со настапите за Данди Јунајтед заслужи да биде дел од тимот.

Фарски Острови се незгоден противник, кај агресивен и дисциплиниран ривал. Се игра на вештачка трева и ќе мора да се навикнеме и на тој момент. Мора да сме на максимумот на можностите, сите ставени во функција на тимот, но со респект кон секој ривал. Ако сакаме да бидеме на висината на очекувањата, мора да биде така. Ривалите не се наивни, условите ќе бидат тешки и мора да се потрудиме максимално. Уште по ждрепката кажав дека сме во група составена од тимови кои си ја гледаат својата шанса за пласман понатаму. Оваа Лига на нации е во битка за Светско првенство, не само за групата, а патот до таму е навистина тежок. Не очекуваат противници кои се незгодни, физички супер-спремни, играат дисциплинирано со доста динамика, па ќе мора да го запазиме и тој момент. Се надевам дека сите фудбалери ќе ни бидат здрави. Мирен сум дека пред септемврискиот циклус речиси сите ги минаа подготовките и се максимално спремни, за разлика од јунскиот прозорец кој секогаш ни бил проблематичен. 

Не ме загрижуваат лошите резултати, свесно ги одбравме ривалите за пријателските натпревари. Како селектор не бркам рејтинг преку Сан Марино и Андора, битно ми е играчите да напредуваат преку квалитетни тестови со силни ривали. Иако ги загубивме двата натпревари против Чешка и Хрватска имаше позитивни, како и негативни работи. Не сум задоволен од натпреварите во јуни, за разлика од тие во март за кои немав што да замерам, освен за реализацијата. Ме води фактот и затоа списокот е каков што е, поради крајот на евро-квалификациите, иако загубивме од Италија на гости, ремизиравме со Англија дома“, изјави селекторот.

Македонија на 7 септември ќе гостува во Торшавн, додека вториот септемвриски дуел е закажан за 10 во Скопје против добриот познаник Ерменија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани