169
Дербито во холандската Ередивизија овој викенд меѓу Феенорд и Ајакс нема да се одигра и ќе биде одложено за нов термин.
Причината за такво нешто е штрајкот на синдикатот на полицијата во Ротердам. Потврда за одложувањето на мечот даде градоначалникот на градот, Ахмед Абуталеб, кој откри дека органите на мирот немаат доволно капацитети за да обезбедат дерби од тие размери.
„Одлуката ја донесов по консултација со надлежните органи. Натпреварот нема да се одигра викендов. Без интервенција на полициските службеници, никој не може да ја гарантира безбедноста на играчите, навивачите и целиот град“, изјави Абуталеб.
Мечот меѓу Феенорд и Ајакс беше планиран да се одигра во недела на „Де Кајп“ во терминот од 14:30 часот.