Манчестер јунајтед се приклучува во трката за Ајван Тони, „ѓаволите“ вчера отвориле преговори со Брентфорд и опипале терен за ангажман на напаѓачот.
Ајван Тони цело лето се поврзува со заминување од Брентфорд, но се чекаше до последната недела од преодниот рок за работите да се раздвижат.
Оваа недела прво понуда достави Ал Ахли, потоа Челси тропна на вртата, а последните информации велат дека и Манчестер јунајтед отворил преговори.
Во моментов разговорите се во почетна фаза, „ѓаволите“ само опипуваат терен за условите под кои може да се ангажира напаѓачот и немаат доставено конкретен предлог.
Минатата сезона, Манчестер јунајтед постигна само 57 погодоци, најмалку од сите клубови во топ 10, исто така „ѓаволите“ за прв пат по 34 години ја завршија сезоната со негативна гол разлика.
Џошуа Зиркзе ова лето пристигна како засилување за офанзивата, но се говори дека Тен Хаг сака и еден докажан голгетер.