Федерико Киеза преферира преселба во Барселона, но нема вечно да ги чека „каталонците“ па им дал 24 часа да обезбедат гаранции дека ќе можат да го регистрираат.
Федерико Киеза веќе го испразни шкафчето во тренинг центарот на Јувентус и се поздрави со соиграчите, напаѓачот има вербален договор со Барселона за преселба на Камп Ноу.
Сепак, синоќа во трката за неговиот потпис се приклучи и Ливерпул, клубот од Енфилд се распрашувал за условите под кои може да се реализира зделката.
Се говори дека Федерико Киеза преферира преселба во Барселона, но нема вечно да ги чека „каталонците“, особено што преодниот рок се затвара во петок.
Италијанецот и поставил ултиматум на Барса, дал рок од 24 часа во кој клубот од Камп Ноу ќе треба да обезбеди гаранции дека ќе може да го регистрира.
Доколку ова не се случи, Федерико Киеза ќе почне да разгледува други опции, односно преселба во Ливерпул.