Газдата на Милан во друштво на Ибра на средба со фудбалерите по разочарувачкиот пораз од Парма

by bojan
1 минути читање
Милан

„Росонерите“ не ја почнаа новата сезона онака како што посакуваа, па газдата Гери Кардинали во друштво на Златан Ибрахимовиќ денеска се појавил во тренинг центарот.

Милан ја отвори сезоната со реми против Торино пред своите навивачи, а изминатиов викенд следеше ново разочарување и пораз кај Парма.

Па иако поминаа само две кола, почнаа да кружат гласини за отказ на Пауло Фонсека.

Последните информации велат дека газдата на Милан, Гери Кардинале денеска се појавил во тренинг центарот и разговарал со тренерот и фудбалерите.

Друштво му правеле Златан Ибрахимовиќ, како и директорите Џорџо Фурлани и Жофри Монкада.

Гери Кардинале ја искористил оваа прилика да даде поддршка на составот, како и да го осигура Пауло Фонеска дека не му виси работата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани