„Старата дама“ синоќа во вечерните часови го потврди трансферот на Нико Гонзалез од Фиорентина, во зделка вредна околу 38 милиони евра сосе бонуси.
Јувентус вчера и официјано се пофали со ново засилување, „бјанконерите“ потпишаа со Нико Гонзалез.
„Составот на Јувентус е збогатен со нов талент. Нико Гонзаелс и официјално е фудбалер на Јувентус. Офанзивниот играч пристигнува од Фиорентина и стави потпис на долгогодишен договор“ – гласеше известувањето.
Клубот од Торино исто така ги откри бројките од зделката.
Нико Гонзалез на хартија пристигнува на позајмица за која ќе бидат платени 8 милиони евра, плус Јувентус има обврска во целост да го купи за додатни 25 милиони евра кои ќе бидат платени на три рати. Сумата дополнително може да порасне за додатни 5 милиони евра во бонуси поврсани со резултатите и успесите.
Јувентус исто така сподели дека во сметководствите книги уште сега ќе го запише Нико Гонзалез како перманентен трансфер од 33 милиони евра, со оглед на тоа дека се огромни шансите да се исполни условот со кој се активира обврската играчот во целост да биде купен.