Парите не се сè, Арсенал има посебен адут во трката за потписот на Мбапе

by
1 минути читање

Арсенал е еден од клубовите кои пројавувaат интерес за тинејџерот, но „Топчиите“ немаат финансиска моќ да се борат со ривалите како Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Исто така, клубот од Северен Лондон не може да му понуди елитен фудбал на Килијан Мбапе, Арсенал следната сезона нема да настапува во Лигата на шампионите.

Но според медиумите од Франција, „Топчиите“ имаат посебен адут во името на Арсен Венгер.

Ле Паризиен пишува дека Килијан Мбапе е особено заинтересиран да соработува со својот сонародник, играчот е голем фан на Венгер и тоа како стратегот помогнал млади играчи од Франција да прераснат во големи ѕвезди.

„Ако Мбапе потпише за Арсенал, тоа ќе биде само поради Венгер“ – вели извор близок до играчот.

„Тој знае како да промовира млади играчи, особено од Франција, на пример Анри и Анелка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани