140
Денеска се појавија гласини за трансфер на Роберт Левандовски на „Островото“, извештаите велеа дека Челси и Манчестер јунајтед веќе оствариле контакт со играчот.
На Баерн Минхен не му се допаѓа ова, па шампионот на Германија порача дека Полјакот не е на продажба и предупреди дека ќе поднесе жалба до ФИФА.
„Роберт Левандовски е под договор со Баерн и неодамна ја продолжи верноста до 2021. Напаѓачот не сака да замине од Минхен. Во моментов нема преговори за негова продажба и ниту пак ќе има“ – гласи соопштението на „Баварците“ испратено до Скај Германија.
„Други клубови кои преговараат со играчи кои имаат долгогодишни договори, ризикуваат казна од ФИФА“.