Челси и Манчестер јунајтед во епизодата: Колку е тешко да се купи најдобриот играч на Баерн

by
1 минути читање

Само 48 часа по
интервјуто во кое агнетот на Роберт Левандовски упати критики кон Баерн Минхен
и рече дека неговиот клиент не е задоволен, медиумите од Англија пишуваат дека Полјакот
е желба на Челси.

„Сините“ се во
потрага на нов голгетер, прва цел им е Ромелу Лукаку од Евертон, но
„Карамелите“ бараат многу пари и преговорите тапкаат во место.

Па шампионот на
Англија разгледува и други опции и веќе остварил контакт со Роберт Левандовски, кој важи
за еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Потоа на
социјалните мрежи се огласи и полскиот новинар, Мичеј Ивански, кој вели дека
покрај Челси и Манчестер јунајтед стапил во контакт со Роберт Левандовски.

Останува да се
види како ќе се одвиваат работите, но Баерн важи за клуб кој не ги продава
своите најдобри играчи.

Во минатото гигантот од Германија често го
демонстрираше тоа, па се очекува и овој пат одговорот да биде НЕ.

Роберт Левандовски има договор со трајност до 2021, па „Баварците“ се во позиција лесно да одолеат на богатите понуди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани