152
Одличните игри во Данди, на Кристијан Трапановски му го донесоа и првиот повик за сениорската репрезентација на Македонија.
Селекторото Благоја Милевски уште не го објавил списокот за престојните натпревари од Лигата на нации против Фарските острови и Ерменија, но од Данди потврдија дека Трапановски е повикан за овие натпревари.
Тој во минатото беше стандарден во младинската селекција, но ова ќе биде негово деби со сениорите.
Македонија на 7. септември гостува кај Фарските острови, а три дена подоцна ја пречекува Ерменија во Скопје.
Покрај Трапановски на списокот на Милевски е и Давид Бабунски кој исто така брзо се вклопи во Данди.