По една година помината во Барселона, Илкај Гундоган се врати во Манчестер Сити каде беше седум години претходно.
Сега во клупското интервју, Гундоган вели дека додека бил во Барселона, сфатил колку е голем Манчестер Сити.
„Пресреќен сум, среќен сум што повторно ги гледам соиграчите, персоналот, луѓето со кои бев седум години во тој прекрасен период. Знаете, кога заминувате од ова место како што јас направив минатата година, поминав една година надвор од тука, тогаш почнувате уште повеќе да го цените местото, сфаќате што сте имале, сфаќате колку бил фантастичен тој период, сфаќате колку е голем клубот, најдобриот клуб во светот, и тоа што се враќам е голема привилегија за мене, чувството е неверојатно“, вели меѓудругото Гундоган.