Јувентус ја доби првата понуда од Барселона за Киеза

by riste
1 минути читање

Федерико Киеза за кој нема место во Јувентус, би можел да заврши во Барселона која се интересира за италијанскиот репрезентативец.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона веќе ја испратила првата понуда до Јувентус за Киеза. Таа изнесува 9 милиони евра плус 4 милиони евра во бонуси.

Киеза ги договорил личните услови со Барселона, се работи за тригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона што е помалку од она што го заработуваше во Јувентус.

Јувентус сака поскапо да го продаде Киеза, но неизвесно е дали ќе може да го направи тоа во финишот од преодниот рок, а ако не го продаде сега, ризикува тој да замине како слободен играч идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани