Санчо би можел да се пресели во Серија А во финишот од преодниот рок!

by riste
1 минути читање

И покрај тоа што се смири со Тен Хаг и се врати да тренира со првиот тим на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо не беше дел од дуелот против Фулам.

Информациите од Англија велат дека Санчо би можел да замине од Олд Трафорд до крајот на преодниот рок.

Кандидат за неговиот потпис е Јувентус кој веќе направил контакт со англискиот фудбалер.

До крајот на преодниот рок има уште помалку од десет дена, па иднината на Санчо ќе се знае наскоро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани