183
По промената на форматот на Лигата на шампионите во 1992 година пред секој натпревар се слушаше и химната на ова натпреварување која стана еден од најпрепознатливите во светот.
Но, сега натпреварувањето доби нова верзија која можеше да се слушне и во плеј-оф натпреварите за место во групата.
Текстот на химната е ист, зборовите се на англиски, француски и германски јазик, но музиката е поинаква и побрза.
Ќе потсетиме во сезоната која следи, Лигата на шампионите ќе ја гледаме во нов формат со повеќе екипи и повеќе натпревари.