180
Јувентус го комлетираше најавениот трансфер и го промовира Пјер Калулу.
Францускиот стопер доаѓа од редовите на Милан, чиј член беше од 2020 година. Калулу пристигна во Торино и стави потпис на договор со новиот клуб. Следната сезона Французинот ќе игра на позајмица платена 3,3 милиони евра, додека Јувентус има право да го откупи за 14. Освен тоа постојат и одредени бонуси со кои сумата на целосниот трансфер може да достигне 20 милиони евра.
Калулу пред Милан настапуваше за младинскиот и Б тимот на Лион, а во редовите на „росонерите“ имаше навистина добри партии пред да почне често да се повредува.